554
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, со денешната оставка од функцијата претседател на Унијата на жени на партијата, ги повлече оставките на целиот извршен комитет на Унијата. По Рангелова оставка си даде и Лилјана Затуроска, која беше на позиција генерален секретар на Унијата.
Пратеничката Лилјана Кузманоска, пак, во телефонски разговор за „Телма“ изјави дека сите членови на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ се во оставка затоа што според партискиот статут доколку претседателот си замине од функцијата, тогаш заминува и целиот тим.
На Рангелова според партискиот статут и прекинува и членството во Извршниот комитет. Рангелова оставката ја најави на својот фејсбук профил.