Осомничен во „Пропаганда“ на СЈО одлучил да соработува

by fokus 18:46
18:46

Соработник на правдата станал еден од деветмината осомничени во предметот „Пропаганда“ кој се однесува на влијание и контрола на медиуми во корист на ВМРО-ДПМНЕ со буџетски средства, пишува „Телма“.

Ова произлегува од шест месечниот извештај за работата на СЈО каде пишува дека на 25 февруари годинава за еден осомничен е донесено решение за непреземање на кривично гонење, според член 44.ст 3 од ЗКП. Во посочената одредба пишува дека јавниот обвинител може да се откаже од гонењето.

- Advertisements -

„Ако осомничениот како член на организирана група, банда или друго злосторничко здружение доброволно соработува пред или по откривањето или во текот на кривичната постапка и ако таквата соработка и изјава е од суштествено значење за кривичната постапка“.

Името на осомничениот кој се спасил од гонење во извештајот не се открива. Оваа истрага СЈО ја отвори во октомври минатата година против избеганиот екс премиер Никола Груевски, ексгенералниот секретар на владата Кирил Божиновски и уште седум осомничени Ацо Мисајлоски, Емил Парнаџиски, Владислав Стајковиќ, Саше Стојановски, Елена Колишевска, Марјан Цветковски и Захарија Вулгаракис.

Поврзани новости