Основачот на „Бионтек“: Само со масовна вакцинација пандемијата би исчезнала во средината на 2022 година

by Fokus 10:19
10:19

Пандемијата со коронавирусот која целосно го смени животот во целиот свет во последната повеќе од една година, сигурно нема да заврши оваа година, без оглед на фактот што вакцинацијата во моментов е започната во поголемиот дел од светот, а некои земји можат да се пофалат и со доста добри резултати во контролата на инфекцијата.

И покрај тоа, пандемијата сè уште е на својот врв во некои делови на светот. Во интервју за „Волстрит џурнал“, шефот на фармацевтската компанија „Бионтек“, Угур Сахин предвидува кога светот може да се ослободи од заштитни маски, карантин и затворање и да се врати на „нормален начин“ живот.

- Advertisements -

-Мораме да обезбедиме навистина високо ниво на вакцинација низ целиот свет. Во спротивно, никој нема да биде сигурен , рече Сахин и додаде дека пандемијата ќе заврши само кога целиот свет ќе го достигне нивото на колективен имунитет.

„До средината на 2022 година, дури и многу густо населени региони, како што е Индија, може да достигнат високо ниво на вакцинација и колективен имунитет. Во следните 12 месеци ќе видиме сè поголем број на индустриски, сиромашни и земји во развој кои ќе успеат да ја постигнат таа цел , додаде Сахин.
За да се постигнат овие цели, ќе биде потребно да се зголеми производството на вакцини, но и да се започне мешање на различни вакцини против ковид-19, вели тој.

-Колку повеќе вакцини имаме, толку подобро. Теоретски, можеме да ги мешаме бидејќи на крајот целта ни е да постигнеме имунитет на стадо. Сакаме да има што повеќе вакцинирани лица, вели Озлем Туречи, коосновач на компанијата и главен лекар во „Бионтек“.

Таа исто така открива дека тие преговараат со Кина за да ја направат достапна вакцината „Фајзер/Бионтек“ таму како еден вид дополнување на нивните вакцини.

Поврзани новости