Османи за проблемите со Бугарија: Оптимист сум, верувам во нашите историчари

by Fokus

Запрашан за проблемите кои ги прави Бугарија на Северна Македонија за револуционерниот деец Гоце Делчев, министерот за надворешни работи, Бујар Османи кратко порача дека е оптимист за тој проблем.

„Мислам дека комисиите на двете земји ќе најдат заеднички текст за толкување на тие разлики и за другите историски фигури. Јас лично верувам во стручниот капацитет на нашите историчари и сметам дека ќе најдат решение во тој дел“, посочи Османи.

Поврзани новости