Османи: За потписите допрва ќе одлучи Ахмети

by fokus 19:24
19:24

Централното претседателство на ДУИ денеска дебатира помеѓу две опции, едната е за учество во новата влада, а другата за поддршка на малцинска влада.

На новинарско прашање што се подразбира под опцијата поддршка на малцинска влада и дали тоа значи нестабилно парламентарно мнозинство во Собранието, портпаролот на партијата, Бујар Османи рече дека ДУИ ќе даде поддршка во Собранието за да се обезбеди таа влада, но нема да учествува во централната власт со свои министри и членови на извршната власт.

- Advertisements -

– Ние не измислуваме топла вода, затоа што опцијата за поддршка на малцинска влада ја има во повеќе земји во Европа – вели Османи.

Во однос на изјавата на Зоран Заев дека СДСМ ги има потписите од ДУИ за формирање влада, Османи рече дека тие сè уште не донеле одлука дека ги дале потписите на СДСМ, бидејќи за тоа официјално треба да одлучи Али Ахмети.

Состанок на претседателството на ДУИ се уште трае, a конечна одлука се очекува во понеделник.

Поврзани новости