Османи: Сметаме дека постојат пристојни шанси да се одржи Меѓувладината конференција

by Fokus

Северна Македонија ќе продолжи со сите напори да бара разумни решенија за надминување на какви било разлики со Бугарија и останува посветена на реформскиот процес и сите останати сегменти кои се дел од нашите евроинтегративните приоритети, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи на видео средба со членовите на неформалната пратеничка група „Пријатели на Северна Македонија” во Европскиот парламент.

– Ние сѐ уште сметаме дека постојат пристојни шанси, доколку го искористиме продуктивно периодот пред нас, да се одржи првата Меѓувладина конференција во рамките на германското претседателство, истакна Османи, информирајќи ги притоа пратениците за актуелните случувања поврзани со европската агенда на земјата.

Како што соопшти МНР, на средбата со членовите од групата „Пријатели на Северна Македонија”, во која учествуваат 30-тина европратеници од Словенија, Хрватска, Австрија, Бугарија, Грција, Франција и Германија, предводени од Словенката Ирена Јовева, Османи им изрази благодарност за доброволната активност и директна вклученост во промовирањето на земјава во евроинтегративниот процес.

– Османи изрази уверување за идната плодна соработка помеѓу институциите на нашата земја и Европскиот парламент на патот кон отпочнување и водење на пристапни преговори и целосно интегрирање на нашата земја во европското општество, се додава во соопштението.

Поврзани новости