Османи: Секој состанок во ДУИ е гласна дебата

by Фокус

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во интервју за „360 степени“, вели дека внатрепартиските превирања не се ништо ново.

-ДУИ е жива партија. ДУИ е една од ретките партии каде што има гласни дебати и конфронтации, така ние ја гледаме политиката. Така Ахмети нè стимулира, бидејќи смета дека на тој начин се канализира најдобро енергијата, така се доаѓа до најдобрите идеи. Ова е нормален начин на однесување. Можеби на луѓето кои се навикнати на однесувањето на другите партии им изгледа невообичаено, но ДУИ така функционира. Секој состанок во партијата е гласна дебата и преферираме така да биде – рече Османи.

Претходно, од партијата стигнуваат информации дека некои негови сопартијци ќе побараат интерпелација за него и вицерпемиерот Артан Груби.

Поврзани новости