Османи се сретна со Филипче и му понуди безрезервна поддршка

by fokus

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денес оствари средба со новиот министер за Здравство, Венко Филипче, на која му понуди безрезервна поддршка во имплементација на предвидените реформи. Османи му понуди помош на Филипче во делот на апсорпција на странската помош наменета за здравствениот систем.

-Како поранешен Министер, но и како доктор, свесен сум за големината на предизвиците на здравствениот систем за чие справување ја имате целосната моја поддршка но и поддршката од Секретаријатот за европски прашања за справување со потребните реформи – истакна Османи на средбата.

Тој додаде дека е запознаен со фактот дека реформите во здравството се тешки, напорни но и скапи, и дека клучен предизвик е обезбедувањето финансиска поддршка за нивното спроведување за што, како што истакна Османи, Министерството за здравство ќе ја има целосната поддршка од Секретаријатот за европски прашања, но и неговата лична поддршка како Национален координатор на странската помош во Република Македонија.

Поврзани новости