Османи: Реализирани 34 од предвидените 73 мерки од Планот 3-6-9

by fokus

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска изјави дека 34 мерки од предвидените 73 од Планот 3-6-9 биле реализирани.

Османи пред почетокот на седницата на Работниот комитет за европски интеграции со која тој претседава порача дека 30 мерки се во тек и се во рамки на роковите, а за неколку констатирале дека доцнат.

Османи истакна и дека тоа не е лошо ако се има предвид дека се наоѓаат на половина од предвиденото време, но исто така, наведе, дека доцнењето треба да претставува и предупредување за поголем фокус како на Владата, така и на администрацијата и другите институции кон имплементација на Планот 3-6-9.

Поврзани новости