Османи: Разочарани сме и гневни на пратениците кои го разгореа огнот и избегаа

by fokus

Го осудуваме вандалското насилство врз пратениците и бараме мерки врз оние кои потфрлиле во Министерството за внатрешни работи, реагираше денеска Бујар Османи од ДУИ.

-Бараме сите страни, вклучувајќи го и ВМРО-ДПМНЕ да придонесат во подобрување на состојбата и да го осудат крвопролевањето во Собранието. Изразуваме разочарување и гнев кон тие пратеници кои го разгореа огнот и избегаа, рече Османи.

Тој истакна дека Демократската унија за интеграција го поздравува изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието како прв и неопходен чекор за формирање на новата реформска Влада.

Поврзани новости