Османи поддржува акциски план со временска рамка за Договорот со Бугарија

by fokus

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во вечерашното интервју на телевизија Телма го кажа својот став за тоа дали е прифатлив акциски план за спроведување на Договорот со Бугарија.

-Нашите позиции се принципиелци и правични. Преку создавање на доверба и враќање во рамките на Договорот да се надминат проблемите. Секое излегување од рамките на Договорот, го прави проблемот нејасен и создава анксиозност кај двете страни. Договорот е прецизен. Да се вратиме на Договорот и да му дадеме предвидливост. Ако треба да има акциски план кој ќе каже колку средби ќе имаат комисиите, кој ќе даде една временска динамика и кои теми ќе ги разговараме, да го направиме тоа. Бидејќи, во наш интерес е да се вратиме во Договорот. Историја во функција на приближување на народните од двете страни на границата, но не историјата во функција на ревидирање на идентитетот и идентитските атрибути, дециден е Османи.

Инаку, денеска Бугарија на Македонија и предложила акциски план за спроведување на Договорот за добрососедство. Османи рече дека во наредните денови ќе го разгледаат акцискиот план предложен од Бугарија, кој всушност бил одговор на акцискиот план кој Македонија го испрати кон крајот на минатата година.

Поврзани новости