Османи: Патниците го користеле продолжениот викенд

by Фокус

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, пред болницата „Пирогов“ каде се сместени повредените во тешката сообраќајка со македонски граѓани на автопатот Струма, изјави дека автобусот сообраќал од Истанбул за Скопје.

Тој посочи дека туристичката агенција е од Скопје и дека повеќето граѓани се верува дека се од Скопје.

Османи додаде дека викендот во Македонија бил продолжен поради Денот на албанската азбука и луѓето, според него, ги искористиле деновите за патување.

Поврзани новости