Османи отпатува за Сараево, по посетата на Брисел и на Луксембург

by Fokus 09:06
09:06

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Босна и Херцеговина, како дел од неговата турнеја на регионот.

Во рамките на посетата, како што соопшти МНР, освен со својот домаќин, заменик претседавачот на Советот на министри и министерка за надворешни работи на Босна и Херцеговина Бисера Турковиќ, Османи ќе биде примен во претседaтелството на Босна и Херцеговина, каде што ќе има средба со членот на претседателството Шефик Џаферовиќ и ќе оствари средби со претседавачите на двата дома на парламентот на Босна и Херцеговина.

- Advertisements -

Посебен акцент на средбите ќе биде ставен на процесот на интеграцијата во Европската Унија и европската перспектива на земјите од Западен Балкан, напредокот на тој план и очекувањата на двете земји во наредниот период.

Како земји кои претендираат за засилување на соработката во регионот, велат од МНР, осврт ќе биде направен и за актуелните состојби во нашето непосредно и пошироко соседство, значењето од интензивирање на регионалната соработка, како и актуелните регионални и глобални предизвици.

Оваа седмица, Османи беше во дводневна посета на Луксембург и на Белгија, каде што оствари серија средби, во рамки на, како што соопштија од МНР, дипломатските активности за посета на европските главни градови, што првенствено има за цел да го презентирапрезентација на европското досие на Северна Македонија. Во рамки на посетата на Брисел, тој се сретна и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, токму на годишнината од ратификација на Северноатлантскиот договор во Собранието на С Македонија.

Поврзани новости