Османи: Ние никогаш не бевме проблемот, пристапните преговори со ЕУ не треба да се претворат во преговори со Бугарија

by fokus

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во интервју за грчкиот весник „То Вима“ вели дека пристапните преговори со ЕУ не би требало да се претворат во преговори со Бугарија и додава дека разговорите со Софија продолжуваат за надминување на разликите.

-Градиме пријателства, тоа е нашата автентична карактеристика. Но, никогаш немаме посегнато по работи што не се наши. Ние сме светол пример за добрососедски односи. Немаме создадено проблеми и никогаш не бевме проблемот. Носиме решенија. Ова е менталитетот на победа. Разговорите со Бугарија се континуирани и ќе продолжиме за да најдеме начин да ги надминеме разликите, но пристапните разговори не би требало да се претворат во преговори со Бугарија, посочува Османи.

Поврзани новости