Османи: Ни треба време за правилна одлука

by fokus

Цетралното претседателство на ДУИ денеска не беше закажно, бидејќи се уште не завршиле консултациите со раководството на партијата.

Портпаролот, Бујар Османи, информира дека одлука вечерва нема да има, а разговорите ќе продолжат утре.

– Знаеме дека е кус рокот, ама ги разгледуваме сите аргументи, зошто мора да донесеме правилна одлука за иднината на земјата – рече Османи пред седиштето на партијата во Мала Речица.

Рокот на мандаторот Никола Груевски, за формирање нова влада истекува во недела на полноќ.

Поврзани новости