Османи: Нема руско влијание во ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, на конференција во Брисел посветена на евроатлантската интеграција на Македонија, одговарајќи на прашања од публиката порача дека не верува оти Русија има важно влијание во опозициската партија.

– Не мислам дека има руско влијание во ВМРО-ДПМНЕ. Некои од нив ги познавам од порано. Можеби има обиди но не верувам дека ќе бидат успешни со ВМРО, беше одговорот на Османи на тоа дали Москва влијае врз опозицијата за да спречи компромис за името.

Османи додаде дека е уверен дека рускиот отпор кон членството на Македонија на НАТО ќе расте, јави дописничката на МИА во Брисел.

– Не сите земји сакаат Македонија да стане членка на НАТО, тоа не е заговор, тоа го кажуваат јавно. Отпорот ќе биде сѐ поголем како што ќе се приближуваме кон НАТО. Уверен сум дека ќе има отпор, изјави Османи.

Османи повтори дека ова се “критични часови, па и минути“ за решението на спорот за името.

– Се надевам дека ќе донесам добри вести кога ја планирав посетата во Брисел. Сега не можам да го кажам тоа. Ова се критични мигови, часови, па и минути и овие се најтешките и можат да го дефинираат исходот, порача Османи.

Поврзани новости