Османи: Нема ништо спорно што објавив огласи за вработување пред референдумот!

by fokus

Вицепремиерот на Владата и главен преговарач со ЕУ, Бујар Османи, за Телма истакна дека се консултирал со законските прописи и дека имал право да објави огласи за 200-тини отворени работни места во државните агенции, институции и администрација.

– Тоа се веќе објавени огласи кои јас само ги прикажав на мојот фејсбук-профил. Се распрашав за тоа дали има некое законско прекршување и увидов дека нема ништо спорно во тоа. Активностите на Владата на РМ не запираат кога има референдум, па така истото важи и за тоа кога се вработуваат нови лица. Ситуацијата за парламентарни, претседателски и локални избори не важи кога станува збор за референдумско изјаснување – изјави Османи.

Поврзани новости