Османи нема коментар за објавите дека ДУИ е пред договор со ВМРО-ДПМНЕ

by Фокус

Немам коментар – ваков одговор за „360 Степени“ дал вицепремиерот и функционер на ДУИ Бујар Османи, во врска со објавата на Лајм дека ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се договориле за формирање на нова влада, чиј премиер ќе биде Лазе Еленовски.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, ниту ги потврдуваат ниту ги демантираат ваквите написи, единствено истакнувајќи дека работат на формирање на влада.

Ваквите објави следуваат откако лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска оствари средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој воедно се сретна и со Зијадин Села и Африм Гаши.

Поврзани новости