Османи: Не сакам да бидам дел од дневно-политичка драма и хистерија за сензитивни теми

by Fokus

Отворен сум да разговарам со опозицијата за кое било прашање, вклучитечно и за прашањата што се од државен и од јавен интерес и се многу сензитивни за сите граѓани, меѓутоа не сум подготвен да бидам дел од дневно-политичка драма и хистерија по однос на вакви сензитивни теми, изјави денеска минстерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Подготвен сум денеска да се сретнам со опозицијата овде во Министерството, во нивното седиште, во Собранието, но ниту со нашата опозиција, ниту со бугарската, ниту со други политичари, немам намера да влезам во јавен политички дискурс или дебата кои може да бидат искористени за дневно политички прашања и може да му наштетат на овој витален процес, особено сега кога тој е во завршница, изјави Османи одговарајќи на новинарско прашање зошто не се одѕвал на поканата да присуствува на денешната седница на собраниската Комисија за надворешни работи.

Тој нагласи дека со ова не избегнува транспарентност и комуникација, но во оваа атмосфера оптоварена со емоции, како што рече, таквите дебати и расправи во Комисијата нема да придонесат ништо конструктивно во овие клучни денови за процесот.

Османи додаде дека досега не бил контактиран за средба со опозицијата, туку само добил покана за учество на работата на собраниската Комисијата, истакнувајќи при тоа дека е подготвен да биде мост меѓу политчките партии, бидејќи, како што рече, внатрешната политичка кохезија е услов за успех на евроиинтеграцијата на земјата,

– Немам никакава предрасуда кон било кого. Подготвен сум да разговарам во било кој формат за сите прашања од државен интерес, но тоа да не биде дел од една драма и хистерија во интерес на политичките партии, потенцира Османи.

Поврзани новости