Османи: Купувањето руска нафта и гас ја финансира руската војска

by Fokus

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека купувањето на руска нафта и гас ја финансира руската војска.

-На сите ни е јасно дека купувањето на руска нафта и гас ја финансира војната, односно руската армија. Главните средства на Русија доаѓаат од изворите на природен гас и нафта. Како што гледате Европа е зависна од тој гас и од нафтата и доставата не е прекината целосно токму поради таа зависност, вели Османи.

Тој додава дека украинскиот министер секако дека бил во право кога рекол дека украинска крв има на руската нафта.

-Како што гледате Европа постојано, посебно сега бара алтернативни извори на енергија, но сега за сега ситуацијата е ваква каква што е, додава Османи.

Поврзани новости