Османи: Клучен датум за македонските интеграции е 17 ноември

by Фокус

Одлуката за меѓувладината конфренција со ЕУ се носи на Советот на министри за европски прашања, којшто требаше да биде одржан денес, но е одложен од претседателството за на 17-ти ноември, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи.

-Тогаш ќе биде клучниот датум за македонските интеграции. Поради тоа, добиени се дополнителни денови за усогласувањата меѓу земјите членки во однос на рамката. Не можам да прејудуцирам во моментов каква ќе биде одлуката. Ние ќе работиме до последната минута од последниот ден за да испорачаме – соопшти Османи.

Поврзани новости