Османи: Ќе создадеме капацитети со цел двојазичноста да се имплементира и да не прави проблеми со судството

by fokus

Вицепремиерот Бујар Османи на денешна средба со новинарите нагласи дека ќе ги почитуваат препораките на Венецијанската комисија.

Тој додаде дека три документи нема да бидат подложни на никакви промени и измени.

„Можеби има различни интерпретации како ќе се имплементираат тие препораки. Венецијанската комисија дели дека не смее двојазичноста поради недостаток на капацитети, да предизвикува одредени проблеми во судството. Нашиот пристап ќе биде да создадеме капацитето со цел двојазичноста полесно да се имлементриа и да не предизвика сериозни проблеми во судството. Три документи кои се во основа на државноста, се документи кои нема да бидат предмет на никакви промени и измени. Треба да најдеме начин како да ја имплементираме намерата на Венецијанската комисија“, истакна Османи.

Поврзани новости