Османи: Ќе коалицираме со партијата која ќе ги исполни нашите ветувања до Албанците

by fokus

Портпаролот на Демократската унија за интеграција Бујар Османи во вчерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21 изјави дека неговата партија има целосен легитимитет да ги претставува Албанците во Собранието и да преговара со кого сака за состав на нова Влада.

Сепак, како што рече тој, тие ќе влезат во коалиција само со онаа партија која ќе ги исполни петте ветувања до албанското гласачко тело, кои ги дале за време на изборната кампања.

-ДУИ има целосен легитимитет да ги застапува Албанците. Ова е 11 победа по ред, по нејзиното формирање во 2002 година и ќе преговара со кој било партнер од можните коалиции, само врз основа на петте ветувања што ги даде со својата платформа, односно официјализирање на албански јазик, пропорционална распределба на буџетот и најважно од сè изнаоѓање решение за спорот со името, како и интеграцијата на Македонија во НАТО. Ова се условите кои ги има ДУИ, за да влезе во коалиција, вели Османи.

Поврзани новости