Османи: Изборите се важни за зрелоста на институциите, нема простор за грешки

by fokus 14:42
14:42

Северна Македонија е подготвена денеска да почне со преговори, и во тој дел се исполнети сите услови. Меѓутоа, има многу непредвидливи моменти од сега па до јуни. Делумно се внатре, делумно се регионални и тоа се повеќе во рамки на европскиот контекст и како ќе се одвиваат изборите таму.

Ова денеска го изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, по средбата во Агенцијата за аудио визуелни медиумски услуги, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има средба со ВМРО-ДПМНЕ и Исламската верска заедница, како дел од препораките од Брисел дека претседателските избори се клучни за евроинтергациите и евентуален бојкот би можело да го загрози почетокот на преговорите.

- Advertisements -

– Изборите овде ќе бидат важен параметар да се одреди зрелоста на институциите дали се подготвени да започнат преговори и дали се спремни да се соочат со предизвикот на членство во ЕУ, и затоа го повторив ставот дека помалку важно ќе биде кој туку какви избори ќе имаме. Тука не смее да има простор за грешки, особено во периодот пред јуни, подвлече Османи.

Посочи дека во агендата на институционалните средби планира да се сретне и со ВМРО-ДПМНЕ како поголема политичка опозициска партија.

– Со верските заедници треба повнимателно да се однесуваме заради принципот во однос на Владата со верските заедници, но сметам дека и тоа е добра идеја во контекст на изборите да се направи средба и со нив, посочи вицепремиерот.

Османи, во врска со законот за попис, рече дека вчера во Владата ги усогласиле основните принципи за пописот што ќе се одржи во март 2020 година.

– Очекуваме тоа да помине денеска на Влада, бидејќи ќе треба уште некои технички детали на самата седница да се усогласат но сметам, дека ќе успееме денеска да го го усвоиме законот на владина седница, рече Османи.

Во однос на тоа дали на закажаната утрешна седница на Собранието, ќе има 61 пратеник за да повторно се изгласаат законите што претседателот Ѓорге Иванов не ги потпиша, Османи рече дека претседателот на Собранието сигурно го предвидел и тој момент и ги има информирано политичките партии дека ќе нема друга можност, бидејќи од 1 април Собранието нема да одржува седници.

– Иако не постои законска пречка за одржување седници во тек на кампања, туку тоа повеќе е волја на пратениците да нема седници во тој период, за да не се злоупотреби говорницата во функција на изборната кампања. Но ако се појави потреба или договор за било кое законско решение, или ако не се постигне бројка утре, мислам дека нема законска пречка Собранието да заседава и во тек на кампањата, оцени вицепремиерот.

Поврзани новости