Османи: Инцидентот со упадот во ИВЗ е срамен чин!

by fokus 12:43
12:43

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, последните случувања со ИВЗ ги оцени како срамен чин.

„Инцидентот со упадот во Исламската верска заедница претставува срамен чин кој ја загрозува секуларноста на земјата и уставно загарантираната автономија на верските заедници во Република Северна Македонија, и очекувам од Владата но и од останатите институции да преземат активности со кои ќе ја заштитат независноста на ИВЗ“, истакна Османи.

- Advertisements -

Тој додаде дека ваквите инциденти со сигурност негативно ќе влијаат на стабилните меѓуетнички односи, кои претставуваат плод на долгогодишен труд и внимателно однесување.

„Во моментов меѓуетничките односи се стабилни и цврсти, и на тоа сме особено горди, но тоа не е нешто што треба да се зема здраво за готово, туку напротив, мораме активно да работиме на нивното одржување“ – истакна Османи.

Османи денеска оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која, на која беа разменети информации и мислења за повеќе актуелни теми.

Поврзани новости