Османи: Имаме договор со Заев дека тој ќе ја води Владата

by fokus

Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека не се известени од премиерот Зоран Заев дека ќе има нов мандатар.

-Ние имаме договор со Заев дека одреден период, премиер ќе биде Заев. Ние тоа го знаеме. Што ќе прави Заев во партијата и кој таму ќе биде лидер, тоа не знаеме. Тој може да ги почне процесите во партија, но во Владата ние имаме заеднички договор и заеднички одговорности. Ние очекуваме и наредниот период Заев да ја води Владата. Тоа впрочем го кажа и претседателот Ахмети во ова исто студио во ТВ21. Ние имаме договор со Заев и не сме известени дека ќе има друг мандатар. Се што знаеме, сме слушнале од медиумите, порача Османи.

ФОТО: Архива

Поврзани новости