Османи: Има и такви кои навистина ќе бидат среќни доколку не се реши спорот

by fokus

Мое чувство е дека повеќе се интерепретации и разлиични погледи кон нешто што е многу слично, сметам дека има простор да се помогне, изјави во емисијата „360 степение“, вицепремиерот за економски прашања, Бујар Османи, во врска со интервенција од Западот за олеснување на преговорите.

-Сите добронамерници на процесот, а не се сите такви, има и такви кои навистина ќе бидат среќни доколку не се реши ова прашање, меѓутоа сите добронамерници можат да помогнат, дали е тоа Европската Комисија, дали Канцеларијата на Могерини, дали земјите членки. Една од целите во Брисел беше да алармирам и за потребата од олеснување во овие најважни денови од процесот – рече Османи.

Доколку се реши прашањето, додаде тој, енергита која ќе се солободи од тој договор нема да ја остави ниедна земја од ЕУ индиферентна кон Македонија. Тој рече дека Македонија нема план Б. Нејзиниот план Б е продолжување на планот А, затоа што немаме друга алтернатива освен ЕУ и НАТО.

Османи го коментираше и ставот на македонското МНР за тоа дека поважно е да имаме квалитетен договор отколку тој брзо да биде постигнат. Тој се согласи со ова, но рече дека и брзината е важна, доколку сакаме да ги фатиме роковите за НАТО и ЕУ.

Тој рече дека во текот на преговорите добил впечаток дека процесот стигнал до точка од која нема враќање.

Поврзани новости