Османи и Ковачевски се сретнаа со Мишел

by fokus

Министерот за надворешни работи Бујар Османи и премиерот Димитар Ковачевски денеска во рамки на 77-то Генерално заседание на ОН оствариле кратка средба со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, кој ја претставува Европската Унија на мултилатерален настан.

На средба заемно било потврдено задоволството дека Северна Македонија се наоѓа во квалитативно повисока фаза во своите односи со ЕУ, по отпочнувањето на преговорите.

Министерот Османи на својот фејсбук профил објави дека од страна на претседателот на Европскиот Совет беше истакната недвосмислената поддршка на Унијата за перспективата за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ, со уверување за кредибилен и правичен пристапен процес,

–На средбата стана збор и за веќе одржаните први состаноци со ЕУ во рамките на скрининг процесот, кој е предвидено да трае до ноември идната година, при што од наша страна беше реафирмирана високата подготвеност на земјата за успешен преговарачки процес, особено со оглед дека државата веќе долго време се усогласува со законодавството на ЕУ и бележи над 45 отсто транспонирано ЕУ законодавство во домашното законодавство, пишува Османи на Фејсбук.

Поврзани новости