Османи: ЕУ да ни даде јасен сигнал дека и Македонија во 2025 година ќе влезе во ЕУ

by fokus

Македонија во Стратегијата за проширување што утре ќе ја објави Европската комисија очекува да добие јасна европска перспектива и можност да го достигне рокот заедно со Србија и Црна Гора во 2025 година да стане дел од ЕУ, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

-Битно е да ни се даде можност, а потоа се ќе зависи од нас, рече вицепремиерот Османи пред одржувањето на работниот појадок со амбасадорите на земјите од Западен Балкан во Република Македонија.

Тој додаде дека очекуваат земјата по затворањето на отворените политички прашања во односите со соседите да добие датум за преговори.

Поврзани новости