Османи до граѓаните: Ви благодарам на високата свест и придржувањето до мерките

by fokus

Вицепремиерот Бујар Османи на вечерашната прес конференција прво им се заблагодари на граѓаните за почитувањето на рестриктивните мерки. Рече дека имало одредени пропусти, но ситуацијата никогаш не излегла од контрола.

-Почитувани граѓани, сакам да ви се заблагодарам на високата свест и за придржувањето до рестрктивните мерки. Со тоа станавте десна рака на здравствените работници. Имаше и одредени пропусти и критики кон нас во однос на имплементирањето на мерките, но морам да кажам дека оваа закана е невидена претходно. Така да ова не беше лесно ни за Владата, ниту за граѓаните кои мораа да ги сменат своите навики. Но, и поради малите пропусти, во ниту еден момент не излезе од контрола. Денешните укинување на рестрикциите не се ад хок решенија, туку се дел од една стратегија, рече Османи.

Поврзани новости