Османи: Да го одржиме нашето досие високо на агендата кај европските престолнини

by Fokus

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска одржа вонреден тематски работен состанок со амбасадорите акредитирани во земјите членки на ЕУ и институциите поврзани со ЕУ, кој се одржа на самиот почеток на словенечкото претседателство со ЕУ, што, како што соопшти МНР, беше и главна тема на состанокот.

-Следниот период, идните дипломатски делувања во однос на заокружувањето на нашето европско досие ќе бидат насочени кон искористување на можностите што ги нуди словенечкото претседателство, особено фактот што Словенија, како непосреден сосед на регионот, покажа посебен интерес за севкупен напредок на регионот на Западен Балкан. Без разлика на предизвиците и сложениот политички контекст со кои се соочуваме, наша обврска е да продолжиме со несмален интензитет да го одржиме нашето досие високо на агендата кај европските престолнини, изјави Османи, потенцирајќи притоа дека стартот на преговорите останува врвен приоритет за дипломатијата и во претстојниот период.

Поврзани новости