Османи: Бучковски наредната недела ќе отпатува за Софија

by fokus

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи откри дека наскоро специјалниот претставник Владо Бучковски ќе започне да остварува средби во Софија.

– По однос на Владо Бучковски, предлогот да се назначи специјален претставник беше и мој, и на МНР во координација со премиерот, со цел да се врати додадат дополнителни механизми во враќање на довербата и создавање на предвидливост во имплементација на Договорот меѓу двете земји, посебно во услови кога немаме амбасадор во Софија. Мислам дека улогата на еден таков мост на комуникација од профилот на поранешен премиер ќе даде порака дека сме сериозно посветени на билатералните односи, на имплементација на Договорот. Побаравме од Бучковски уште наредната недела да отпатува во Софија, изјави Османи.

Поврзани новости