Османи-Аселборн: Ќе гледаме во иднината и ќе најдеме решение

by fokus

Министерот за надворешни работи за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, во Скопје престојува пред еден од најголемите, најважните и најкомплексните предизвици на Република Македонија, а тоа е претстојниот референдум на 30 септември и имплементација на Договорот од Преспа што беше непремостлива бариера за членството во ЕУ и НАТО, истакна денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи по средбата со шефот на дипломатијата на Луксембург.

– Неговото присуство ќе значи мотивација, охрабрување на сите граѓани на Република Македонија дека Европската унија е тука и нашите меѓународно пријатели се тука за побезбеден и подобар живот на граѓаните, рече Османи.

Тој потенцираше дека покрај Договорот од Преспа, Македонија работи и на исполнување на критериумите за членство и на итните реформски приоритети за да може да ги имаме најдобрите аргументи во јуни 2019 година на Самитот за да започнеме со преговори.

– Република Македонија го заслужува тоа, граѓаните го заслужуваат тоа за најбрзо да станеме членка на ЕУ и се разбира 30 септември е добар симбол за 30 членка на НАТО, истакна вицепремиерот Османи.

Според шефот на дипломатијата на Луксембург референдумот е за иднината на државата. Влезот на Македонија во ЕУ беше блокиран, додаде тој, а дури во 2018 година земјата најде начин за решение за долгогодишниот спор за името и оти сега вратата на НАТО и ЕУ се отворени.

– Не станува збор за името, туку мислам дека станува збор за односот на ЕУ кон овој регион. Сега вратата е отворена во НАТО, во ЕУ и јасно е дека двете страни мора да ги почитуваат условите, но мислам дека можете да го сторите тоа и со задоволство ќе ви помогнеме. Сега сме на една критична точка. На 30 септември следува референдумот, и ако смеам да кажам како европеец ова е референдум за иднината или, пак, за минатото. И мислам дека и другите земји во регионот се надеваат на позитивен исход, рече Аселборн.

Поврзани новости