Османи: Албанскиот јазик од локално ќе се унапреди на централно ниво

by Фокус

Новиот закон за јазици треба да го унапреди албанскиот од локална во официјална централна употреба, изјави портпаролот на ДУИ Бујар Османи во интервју на телевизијата Алсат М.

-Круцијално унапредување што треба да го донесе овој предлог-закон е од локална официјална употреба, албанскиот да го претвори во официјална централна употреба во централните институции. Тука граѓаните ќе ја видат разликата – изјави Османи.

Тој додаде дека законот ќе се донесе за неколку недели или месеци, изразувајќи надеж дека ќе го поддржат сите политички партии во парламентот.

Поврзани новости