Ослободување на осудените за „Монструм“, но и на осудените за насилство од претходниот протест, побараа демонстрантите

by fokus

Ослободување на осудените во процесот „Монструм“, како и на лицата кои беа приведени, а дел и осудени, поради насилно однесување на претходниот протест беше побарно од денешниот протест во Скопје организиран во знак на незадолвоство од изречените пресуди на обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското Езеро.

Во обраќањата на протестот во близина на седиштето на Владата, беше повторено барањето за одржување нов судски процес на обвинетите во случајот „Монструм“, со кој ќе раководат меѓународни судии и обвинители.

Бедри Ајдари од Иницијатигвата за организирање на протестот, во обраќањето побара во земјата да се практикуваат принципите на европското судство, при што, како што нагласи, нема да се прави дискриминација на обвинетите по етничка основа.

Дел говорниците на протестот порачаа дека овој осбир не е насочен против Македонците, туку дека се орагнизира само со барање за правда за сите.

Протестот започна од паркот во Чаир, од каде демонстраните се упатија по улицата „Цветан Димов“ кон Битпазар и потоа по булеварот „Гоце Делчев“ кон седиштето на Владата.

Движејќи се по скопските улици демонстрантите, меѓу другото, скандираа: „Без правда, нема мир“, „Нашите браќа неправедно лежат во затвор“, „Али предавник“ и „Ние сме автохтони“.

За петкратното убиство кај Смилковското Езеро, Судот на 23 февруари годинава во повторената постапка ги прогласи за виновни и им одреди доживотни казни затвор на обвинетите Халил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, единствена казна затвор од 15 години одреди за Фејзи Азири и единствена казна затвор од девет години за Хаки Азири.

Ова е втор протест откако Судот ги објави пресудите за петмината обвинети за петкратното убиство кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година. На претходниот протест, дел од демонстрантите се судрија со полицијата кај Бит Пазар при што беа повредени 11 полицајци, а беше нападната и новинарска екипа.

Поврзани новости