Ослободен Павле Богоевски

by fokus 22:43
22:43

Активистот Павле Богоевски штотуку е пуштен од полициската станица „Пролет“, јавуваат репорите од терен. По неколку часовно задржување, откако тој заедно со другите учесници во Шарена револуција се обидоа да постават транспаренти кај Камениот мост, Богоевски слободно може да замине.

Пред полициската станица вечерва се собраа повеќе граѓани во знак на поддршка. Инаку герила акцијата на демонстрантите беше организирана по повод роденденот на ВМРО ДПМНЕ кој се одржува во музејот на ВМРО.

 

Поврзани новости