Ослободен е турскиот новинар, кој доби 10 години затвор поради пучот против Ердоган

by Фокус

Турскиот суд денеска нареди ослободување на познатиот новинар и писател Ахмет Алтан, чие затворање во врска со неуспешниот обид за државен удар во 2016 година го критикуваа организациите за човекови права.

Турскиот касационен суд ја поништи пресудата за Алтан за повеќе од 10 години затвор „поради помагање на терористичка организација“, изречена во 2019 година и нареди негово ослободување.

Инаку, Европскиот суд за човекови права вчера остро ја осуди Турција за притворањето на новинарот.

Поврзани новости