Оскарот за „Hair Love“ посветен на Коби Брајант

by Fokus
За најдобар краткометражен филм оскар доби приказната „Hair love“, a режисерот Метју Чери наградата му ја посвети на прерано починатата кошаркарска легенда Коби Брајант.

 

Овој 6-минутен анимиран филм ќе ви ги растопи срцата.

Преслатката приказна „Љубов кон косата“ (Hair Love) за афроамерикански татко кој се обидува да научи да ѝ направи фризура на својата ќерка ја режира Метју Чери. Филмот е базиран на истоимената книга.

Во филмот се запознаваме со преслаткото девојче Зури кое има голема и непослушна кадрава коса. Откако не успеа да ја скроти својата коса и да направи фризура, татко ѝ дојде на помош. На неутешното девојче и на таткото најголема помош им беше видеото од мајката со упатствата според кои Зури доби прекрасна фризура.
Прекрасниот филм, полн со смеа, забава, но и љубов и силни емоции, пренесува една преслатка семејна приказна.

Во истата категорија најдобар краткометражен анимиран филм под името „Dear Basketball“ кошаркарот доби оскар во 2018 година.

 

Поврзани новости