Оштетувањето на двата подводни гасоводи во Балтичкото Море е саботажа, тврди Борел

by Fokus

Европската унија се сомнева дека оштетувањето на двата подводни гасоводи во Балтичкото Море е саботажа и предупредува дека ќе одговори на нападот врз европската енергетска мрежа, изјави шефот на европската диплоиматија,  Жозеп Борел.

-Сите достапни информации укажуваат дека овие протекувања се резултат на намерен чин, рече Борел во името на 27-те земји-членки на ЕУ.

„Секое намерно кршење на европската енергетска инфраструктура е целосно неприфатливо и ќе наиде на силен и единствен одговор“, соопшти Борел.

Сеизмолозите вчера јавија дека експлозии го потресоа Балтичко Море пред да бидат откриени истекувања на двата подводни гасоводи што минуваат од Русија до Германија.

Поврзани новости