Следствено на нашите досегашни објави до медиумите каде почнавме со јавно прикажувње на криминалот направен врз нас како дел од пропаѓањето на Еуростандард банка, би сакале со овој текст и воедно да ја известиме јавноста за нашиот втор протестен собир кој овој пат ќе го одржиме пред зградата на еден од главните виновници за ситуацијата во која се наоѓаме, а тоа е никој друг него Народната Банка, стои во соопштението за медиуми на Здружението на оштетени штедачи.

– Имено, нашиот протест ќе биде со почеток во 15 часот ден порано (30-ти Октомври) од светскиот ден на штедењето 31- ви Октомври, кој се до црната за нас среда 12-ти Август беше и наш празник кој гордо го славевме како депоненти во овој наш банкарски систем регулиран од НБРМ, институција која еве не натера место да празнуваме да протестираме против криминалот направен над нас, посочуваат тие.

– Воедно ги повикуваме на поддршка сите граѓани кои досега биле оштетени на било кој начин од овој наш банкарски систем да ни се придружат во борбата за правата на штедачите во целост, како и сите граѓани кои сакаат да живеат во праведно општество кое е регулирано од институции кои работат во интерес на граѓаните а не на криминалците. На 30-ти Октомври ќе протестираме а на 31-ви Октомври ќе мечтаеме дека еден ден доколку проработи правниот систем и совеста на политичарите, и ние ќе славиме повторно. Воедно би сакале јавно да се заблагодариме на политичките партии кои јавно не подржаа во нашата цел за докажување на криминалот направен врз нас преку закажување на Надзорната расправа во Сообранието како и за идното поднесување на предлог законот за наше целосно обештетување и воедно конечно расчистување со криминалот во банкарскиот систем и вадење на криминалците пред лицето на правдата, велат од Здружението.