Оштетени штедачи: Криминалот продолжува, Уставниот суд го послуша банкарското лоби

by Fokus

Уставниот суд не ја прифати иницијатива за оценка за уставноста и законитоста на член 163 став 3 од Законот за банки. Ова е последниот клин на сандакот во кој се сместија оштетените физички и правни лица од Еуростандард банка. Последната шанса на правен и цивилизиран начин да се исправи неправдата направена во целиот овој криминал за жал е пропуштена. Овој состав на судии на Уставниот суд имаше историска шанса да исправат неправда на моментални, а и идни оштетени штедачи од овој криминален банкарски систем. Резултатот од гласањето е 5 судии против, насрпоти 4 судии за, соопштуваат од здружението Оштетени штедачи.

-Институциите, Владата, премиерот, финансиската полиција, МВР комплетно заборавија на жртвите на овој криминал. Криминалците шетаат слободно. Последен егзекутор се судиите од Уставниот суд. Единствена светла точка во целата ситуација е безрезервната поддршка што ја добиваме од медиумите на кои им сме бескрајно благодарни. Би сакале да споделиме со јавноста дека до здружението во текот на целиот ден пристигнуваат пораки од оштетените каде дел изјавуваат дека правдата ќе ја преземат во свои раце, дел од нив говорат дека јажето околу врат е единствен излез од овој грабеж врз нив и нивното достоинство… Сакаме да побараме помош од некого во државава како да одговориме на овие пораки и каква надеж да им дадеме на овие наши сограѓани. Едно е сигурно, дека ние како здружение ќе продолжиме да делуваме и преку соопштенија до јавноста го расветлуваме овој криминал направен врз нас, и покрај личните закани кои одредени членови ги добиваат по објавените текстови. Вчерашната одлука на Уставниот суд е една загубена битка во војната со банкарското лоби на чело со гувернерката на НБРСМ, истото тоа лоби кое изминатите денови силно лобираше и притискаше врз судиите од Уставниот суд за да донесат одлука со која нивниот профит нема да биде загрозен. Едно е сигурно, изгубена битка не значи изгубена војна“, се вели во соопштението на Оштетени штедачи.

Поврзани новости