Орце Камчев и Ненад Јосифовиќ пристигнаа во Шутка

by Fokus

Бизнисменот Орце Камчев и Ненад Јосифовиќ пристигнаа во истражниот затвор Скопје откако судија на претходна постапка го прифати барањето на СЈО и им одреди 30 дневен притвор.

Во затворот беа префрлени од скопскиот Кривичен суд каде околу 2 часот им беше определен притвор.

За останатите тројца осомничени во случајот „Империја“ има одлука, но се чека изготвување на решенијата и спроведување во притвор.

Од СЈО вчера информираа дека е отворена истрага под кодно име „Империја“ против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.

ФОТО ТВ21

Поврзани новости