„Орка холдинг“ работи нормално, тврдат од групацијата откако СЈО соопшти дека е замрзнат дел од имотот

by fokus

Групацијата „ОРКА Холдинг“ преку соопштение информира дека со сите нејзини подружници кои вработуваат над 3.000 лица, работи редовно и нормално ги извршува своите деловни, финансиски и тековни активности.

– „ОРКА Холдинг“ продолжува како и досега да работи согласно високите деловни и професионални стандарди и согласно законските прописи на Република Македонија, стои во соопштението.

Специјалното јавно обвинителство вчера соопшти дека во рамки на истрагата „Империја“ судот донесе решенија за определување привремена мерка одземање на дел од имотот заради обезбедување на правните лица ДПТУ Орка холдинг АД Скопје и ДПТУ Ексико ДООЕЛ Скопје и решенија за привремено да се запре одливот на парични средства од банкарските сметки на правните лица ДПТУ Ексико ДООЕЛ Скопје и ДПТУУ Тимох увоз извоз ДОО Скопје.

-Во овој момент, од доказите со кои располага ова Јавно обвинителство, произлегува дека е сторена штета на Буџетот на Република Македонија во износ од најмалку 6.275.280 евра, како и дека се испрани парични средства во износ од 10.939.938 евра, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на СЈО и се додава дека во наредниот период истрагата во случајот „Империја“ ќе биде проширена за повеќе лица и за повеќе кривични дела

Поврзани новости