Ориѓански: Лесна ти земја мој драг Горане, чекај ме горе, ќе ти донесам Т’га

by fokus

Македонскиот композитор Златко Ориѓански, со емотивна порака на својот профил на Фејсбук се прости од драматургот Горан Стефановски, кој почина синоќа на 66-годишна возраст.

„Пред неколку години, Унко ми прака меил, вели, Горан Стефановски има нов текст, ,,Огнени јазици,, прочитај го и кажи ми дал си расположен да пишуваш музика, конечно да работиме заедно. Кај ке го правиме ? Драмски.. Беше ноември месец, доаѓа Горан од Лондон, касно навечер, после полнок. Онаа слика со црвените седишта е од таа нок. Премиера, публика, ајд ние идеме таму, горе кај тонците. Горан ме прашува, дал си глеал претстава, пиејки вино ? Не сум, сакаш да донесам ? хаха Земи една боца, немој од оние малите и стави ја под капут хаха Одам у Тинекс, стаам боца Т,га под капут, седиме двајцата на еден двосед, темница, чашки, тивко наздравуваме, пиеме вино, си ја глеаме нашата претстава и уживаме ко да сме на плажа у Бразил, На втората претстава, тој смотаниот тогашен директор, разбрал дека сме пиеле и двоседот го одстранил. Ок, партизански носиме две столици, боца вино и повторно гледаме и пиеме хаха Некни го слушав Брега како раскажуваше колку е добро да пиеш и да глеаш опера, е па ова е многу слично.
Лесна ти земја драг Горане,чекај ме горе, ке донесам Т,га..Замина од овој свет на денот кога е роденден на едно од моиве деца. Сликата ми стои урамена у дневна“, посочи Ориѓански.

Поврзани новости