Организаторот на протестот за случајот „Монструм“ на службен разговор во полициска станица

by Fokus 12:17
12:17

Организаторот на протестот за поддршка на обвинетите од случајот „Монструм“, Блерим Ахмеди е повикан на службен разговор во полициската станица Бит пазар, информираат од Министерството за внатрешни работи за МИА.

Распитот е договорен за денеска во 12:00 часот.

- Advertisements -

Имено, во МВР беше пријавено дека ќе се одржи мирен протест за случајот „Монструм“, но демонстрациите завршија со инциденти.

Министерот Спасовски во тек на вчерашната собраниска седница рече дека за протестот во петокот има и кривични и прекршочни пријави и најави дека јавноста за тоа ќе биде информирана деновиве.

Поврзани новости