Ордановски жестоко по власта: Ги гласавме за пратеници, сега се кандидираат за градоначалници

by fokus

Политичкиот аналитичар Сашо Ордановски во вечерашното гостување на Топ Тема жестоко ја критикуваше политиката на СДСМ во однос на кандидатите за градоначалници и тоа што најголем дел од нив се сегашни пратеници.

-Се кандидираа за пратеници, ги гласавме за пратеници, сега ќе се кандидираат за градоначалници. Мора ли Петре Шилегов да биде кандидат за Скопје, зарем СДСМ нема други кадри?, рече Ордановски.

Тој додаде дека за градоначалник кандидатите треба да имаат и животно искуство, алудирајќи дека некои од кандидатите се премногу млади.

Поврзани новости