Орданоски: И на возачот на Груевски му е јасно дека со Груевски е готово

by fokus

Политичкиот аналитичар Сашо Орданоски во вечерашното гостување на Телма рече дека стратегијата на Никола Груевски е „купи ден, помини“.

-И на возачот на Груевски му е јасно дека со Груевски е готово. Кога деспотите ќе престанат да биде проблем на државата со која владееле, стануваат проблем на нивната партија. Груевски беше човек кој отиде на тоа да го загуби вториот круг на изборите. Не е спорно дека време меѓу двата круга не беше за локалните избори, туку беше кампања за опстанок на Груевски во партијата. Со таа кампања градоначалниците не можеа да ги добијат изборите. Стратегијата на Груевски е „купи ден помини“. Ќе трае ова уште извесно време, тоа е судбината на тој тип политичари што не знаат да примат пораз, ќе ја повлече и својата партија, рече Орданоски.

Поврзани новости