Орбан реизбран за претседател на Фидес

by Fokus

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска повторно е избран за претседател на владејачката партија Фидес, на конгрес во Будимпешта.

Орбан доби 1.406 гласови од делегатите, пренесува МТИ.

– Унгарија не планира да излезе од Европската унија. Унгарија е членка на ЕУ и тоа ќе остане, рече Орбан на конгресот и додаде дека источните и западните членки на Унијата мора да најдат компромис за нејзината иднина.

Коментирајќи ги критиките за наводното непочитување на владеењето на правото во Унгарија, тој истакна дека само Унгарците можат да одлучуваат за својата земја, својот дом и својот живот.

Поврзани новости