600
Евроамбасадорот Аиво Орав денеска изјави дека политичката криза во земјава трае премногу долго.
Вели дека нема време за чекање, преговорите треба да продолжат веднаш, ЕУ е тука да помогне. Ова Орав го изјави на денешниот појадок по повод денот на Европа, кој беше организиран од Секретаријатот за европски прашања.
„Вашата земја е специјален случај. ЕУ веќе препорача шест и пол пати да ги почнете преговорите за членство, но за жал не сме во можност да го сториме тоа. Сега треба многу сериозно да размислуваме што да направиме со оваа половинка од препораката и како да и пристапиме. За жал, останува премногу работа да се заврши. Оваа политичка криза трае предолго“- кажа Орав