Орав разочаран поради застојот во преговорите за изборното законодавство

by Фокус

Евроамбасадорот Аиво Орав изрази разочараност поради тоа што пропаднал и вчерашниот обид на работните групи, составени од претставници на четирите најголеми политички партии – ВМРО, СДСМ, ДУИ и ДПА, да постигнат договор за изборната регулатива и избирачкиот список .

– Навистина е разочарувачки што обврската што ја преземаа лидерите во однос на крајниот рок од 6 октомври не беше испочитувана – изјави Орав по синоќешната рунда преговори.

Во насока дека, сепак, ќе биде постигнат договор одеше повлекувањето на законот за необјавување прислушувани разговори од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, што беше услов на СДСМ за да продолжат преговорите за изброната регуалтива.

Инаку, тој ќе биде предмет на доработка токму во рамки на работните групи, па, спред партиски извори, се очекува дека кога сите страни ќе се согласат околу содржаната на овој закон, дефинитивно да се договорат реформите во изборното законодавство, каде има голем напредок и разликите се во однос на финеси.

Во меѓувреме, пратениците на сите парламентарни политички партии се наоѓаат во парламентот, каде се подготвени да ги изгласаат законите што ќе бидат договорени, но, како што велат дел од нив, тоа може да се случи најрано утре.

Поврзани новости